Хељдата и киселото млеко се една неверојатно моќна комбинација, благодарение на која може да се симнат од 4 до 7 килограми за 1 недела, но како диета е забрането да се држи подолго од овој временски период.

За време на диетата е неопходно да ја консумирате само оваа вкусна смеса, а притоа во дневното мени може да вклучите и 150 гр варено пилешко филе или пилешки гради.

Како да ја приготвите смесата?

Измијте 1 шолја хељда, а потоа се полева со 400 мл врела вода и се остава да отстои 8 до 10 часа. Се препорачува садот во кој сте ја поставиле хељдата да го завиткате со крпа, за да истата стане дополнително помека.

Пред консумирање, хељдата се полева со половина шолја нискомаслено кисело млеко и се јаде.