Според блиски извори, на Меган и Хари многу им се допаднал новиот живот, во Ванкувер, по нивната преселба во Канада, при што воедно војвотката станала многу посреќна и поспокојна.

Сепак, парот треба да го плати нивниот последен долг на кралицата и да се вратат во Велика Британија.

Станува збор за празничната служба по повод Денот на Заедницата на народите, која ќе се одржи на 9-ти март, во Вестминистер, настан за кој кралицата Елизабета лично го замоли својот внук и неговата сопруга да земат учество.

Нивниот син Арчи, кој сега наполни 10 месеци, исто така ќе се врати со родителите во Велика Британија.

Се смета дека ова појавување на принцот Хари и Меган ќе биде нивната последна обврска поврзана со кралските должности.