Поради неговите извонредни својства, лукот значително помага во борбата против косопадот, внатрешно, како и надворешно. Маслото од лук е природен производ, кое активно го запира паѓањето на косата, без разлика на нејзиниот тип.

Маслото од лук значително ја подобрува состојбата на косата, го отстранува чешањето, ги обновува оштетените делови, ги зајакнува корените и дејствува како чудесен стимулатор за нејзиниот раст. Воедно со антибактериските својства, се отстрануваат сите видови на инфекции и бактерии.

Масло од лук

Потребни состојки

  • 2 чешниња лук
  • 8 супени лажици ладно цеден зејтин

Начин на подготовка

Излупете ги чешнињата лук и поставете ги во тава. Следно додадете го зејтинот, така што истиот целосно ќе ги покрие.

Загрејте на слаб оган и гответе неколку минути, додека не ја почувствувате аромата на зејтинот, а потоа отстранете ја тавата од оганот. Оставете го маслото да се излади, а потоа складирајте го во стаклен сад, на темно место, најмалку 24 часа пред употреба.

Начин на употреба

Поради специфичниот мирис, се препорачува маслото да го нанесувате вечерно време, пред спиење. Налејте малку од истото во вашите раце и со масирачки движења, нанесете го врз косата и скалпот.

Покријте ја главата со капа за туширање или крпа, а следното утро исплакнете со шампон. Потребно е маслото да се остави да дејствува на косата 2 часа, за да се добијат посакуваните резултати.

Доколку сакате брзи резултати, користете го маслото 3 пати неделно, но доколку сметате дека косата ви станува премногу масна, намалете ја употребата на 1-2 пати неделно.