Јутуберот од Делхи, Индија, наречен Гаурав Шарма, беше уапсен на 27 Мај, откако сними видео во кое му закачува балони со хемиум на мало куче.

На видеото, малото куче за кое се верува дека е во сопственост на Шарма, полека почнува да лебди во воздухот поради балоните кои се закачени за неговото ситно тело.

https://youtu.be/o6RaXgZKcVU

 

По објавувањето на видеото беше поднесена жалба против Јутуберот до полициската станица Малвија Нагар, што доведе до негово апсење.

Изгледа дека кучето не било повредено за време на инцидентот, но луѓето изразија загриженост дека животот на кучето е во опасност.

Шарма го избриша видеото од неговиот канал, но тоа се појави на други места и веќе е прегледано од милиони луѓе.

По скандалот, Шарма сними уште едно видео во кое се извинува за своите постапки и инсистира на тоа дека ги преземал „сите безбедносни мерки“ додека го изведувал трикот со своето куче.