Едвард Ленард О’Нил или едноставно Ед О’Нил е американски актер, кој се прослави со улогата на Ал Банди во популарната хумористична серија „Брачни води“, која беше вистински хит што ги освои гледачите ширум светот со уникатниот семеен хумор.

Денес О’Нил има 74 години и фановите се едногласни дека актерот изгледа одлично за неговата возраст, а сите приметуваат дека сјајот во неговите впечатливи сини очи е подеднакво блескав како во неговата младост!