Повеќето од нас сакаат што побрзо да добијат тен под сончевите зраци, но често преголемата изложеност завршува со несакани изгореници. Денес ви откриваме како најбрзо и најбезбедно да добиете совршен бронзен тен.

Еве кои 4 златни совети е потребно да ги знаете доколку сакате побрзо да потемните и ефектот да трае подолго време:

1. Правете пилинг на кожата

Секој втор ден наутро, пред да отидете на сончање, направете добар пилинг на вашата кожа. Со отстранување на мртвите клетки од истата, кожата ќе биде значително повеќе подготвена за потемнување, при што воедно бронзениот тен ќе остане подолго време.

2. Бронзениот тен побрзо се добива во вода

Поголемиот дел од времето поминато на плажа, всушност поминете го во вода. Водата ги одразува сончевите зраци и многу побрзо се потемнува додека сте во истата.

3. Консумирајте храна богата со бета-каротин

Консумирајте видови на храна кои се богати со бета-каротин, кои ќе придонесат побрзо да потемните.

4. По сончањето, хидратирајте ја кожата

По сончањето, нанесете хидратната крема за тело богата со витамини. На овој начин кожата нема да остане сува, а бронзениот тен подолго ќе се задржи.