Редовното празнење на цревата е клучно за целокупното човечко здравје, бидејќи на овој начин, редовно му се дозволува на организамот од себе да ги исфрли штетните токсини.

Но и покрај тоа, темата за одење по „голема нужда“ е нешто со кое многу малку се занимаваме од здравствен аспект, смета Џулија Ендерс, микробиолог од Германија.

Таа тврди дека најчестиот, вообичаен начин на кој сите ние седиме на тоалетната школка при овој процес, доведува до множество на здравствени проблеми, како појава на хемороиди, опстипација, прекумерено преоптеретување на цревата, појава на анални фисули и други состојби.

Единствена превенција за да бидат избегнати сите овие непријатни појави е со практикување на клекнување, единствено при кое цревата се наоѓаат во нивната природна положба.

„Околу 1,2 милијарди луѓе на светот, клекнуваат додека вршат голема нужда, при што токму ова е процентот на луѓе кои имаат сосема мали дигестивни проблеми.“ – објаснува Џулија.

Микробиологот предлага при вршењето на голема нужда, да се качиме и да клекнеме на тоалетната школка, а доколку за одредени луѓе ова претставува проблем, подеднаков ефект може да се постигне и со користење на стол, како дополнителна помош, за да ги кренете нозете и го наведнете телото.

Со клекнувањето значително се опуштаат сите мускули, што доведува до правилно празнење.