Модата непрекинато се менува, но дамите, кои имаат полни раце секојдневни обврски, немаат толку многу слободно време да ги следат сите модни трендови.

А според модните експерти, според дизајнот на фармерките може да се открие возраста на жената која ги носи. Односно, според видот на фармерките можете да распознаете дали пред вас чекори тинејџерка, девојка од 20 години или жена од 30.

Многу жени на 30-годишна возраст најчесто носат фармерки со низок струк, бидејќи се навикнати и најчести ги носеле кога биле помлади, кога токму овој тип на фармерки биле актуелни и во мода. Па затоа и продолжуваат да ги носат, без да размислуваат за трендовите.

Според стилистите, девојките во 20-те години, најчесто денес носат тесни фармерки со среден струк, додека пак, статистиките покажале дека тинејџерките најмногу ги следат трендовите и носат широки фармерки со висок струк.