Лебарките се вистински кошмар кога ќе го „нападнат“ домот. Тие се размножуваат со голема брзина и само за една недела можат да го преплават Вашиот дом. За да се ослободат од лебарките луѓето користат секакви средства за дератизација. Но, многу често овие средства се прилично штетни за околината, особено доколку имате мало дете или пак миленик. Затоа најпрвин треба да се обидете со овој природен рецепт да го решите Вашиот проблем.

Состојки

  • 1 жолчка од јајце
  • 30-50 грама борна киселина во прав (боракс или acidi borici во прав)

Поготовка

Земете 1 жолчка од јајце, истурете во неа 30-50г борна киселина во прав (боракс или acidi borici во прав).
Формирајте со мешање густа маса. Од оваа мешавина направете топчиња со дијаметар од околу 1 см.
Почекајте смесата да се исуши (околу еден час) и потоа поставете ги низ куќата на видни места и агли.

Борнаta киселина не е токсичнa, се користи за дезинфекција. За една недела лебарките ќе ги снема. во случај да се појават повторно повторете го процесот.