Гордите родители Мери и Крис Џоунс уште кога дознаа дека ќе имаат близначки, веста ја примија со огромна радост и веднаш одлучија девојчињата да ги носат имињата Ејми и Кејти. Терминот за породување на Мери беше предвиден во Септември.

Но, тогаш нештата тргнаа по сосема неочекуван пат. Кон крајот на Мај, во 24-та недела од бременоста, Мери започна да чувствува болки, при што веднаш беше однесена во најблиската клиника, каде на свет ја донесе нејзината ќерка Емили. Целиот настан се одигра на 1-ви јуни.

Покрај фактот што бебето се роди предвремено, Емили беше во одлична здравствена состојба и покрај тоа што тежеше само 540 грама. Но, нејзината сестра не брзаше со доаѓањето на овој свет. Мери ја роди Кејти дури на 27-ми август, односно 87 дена по раѓањето на првата близначка. Кејти се роди со тежина од 2250 грама.

Девојчињата, родени со речиси 3 месеци разлика, веднаш го привлекоа вниманието на медиумите и така достигнаа да бидат запишани и во Гинисовата книга на рекордите. А еве како денес тие изгледаат на 8-годишна возраст: