Ако и вие обожавате да носите бели патики, тогаш најверојатно знаете дека ваквите обувки со текот на времето ја губат нивната боја, пожолтуваат или по истите се појавуваат дамки.

Покрај фактот што овој проблем може да го решите со купување на бела боја, со која ќе ги покриете несовршеностите, денес ви откриваме како тоа лесно и брзо да го сторите со следното домашно средство.

Домашно средство за избелување на патики

Потребни состојки

  • Паста за заби
  • Газиран пијалок
  • Средство за миење садови

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги сите состојки заедно во еднаков сооднос, користејќи стара четка за заби. Добиена смеса нанесете ја врз патиките, притоа повторно користејќи четка за оваа цел и тоа е сè! За кратко вашите патики ќе заблескаат повторно, како нови!