Мистериозното исчезнување на свернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун предизвика бројни шпекулации и создавање на разни теории на заговор. Имаше дури верзија тој заболел од коронавирус, а Јапонија дури го прогласи за мртов.

Иако сега се зборува дека станува збор за негов двојник, Ким повторно се врати на лидерското место. Но, денес наместо Ким, ви ја претставуваме првата дама на Северна Кореја.

Откако во 2011-та дојде на власт, Ким се ожени со И Сол-Џу, мистериозна девојка на 20-годишна возраст.

Според одредени шпекулации, девојката била изберена за прва дама, бидејќи физички одговарала на сопругата на вечниот претседател и основач на Северна Кореја, одамна починатиот Ким Ир-Сен.

Иако официјално никогаш не е потврдено, И Сол, пред бракот таа била дел од омилениот оркестар на стариот претседател. Се смета дека парот има 3 деца, иако поради строгата доверливост, ниту оваа информација не е потврдена во медиумите.

Но, едно нешто што е многу интересно е што И Сол е секогаш заедно со нејзиниот сопруг и го придружува на јавните настани, нешто што неговиот сопствен татко никогаш не го дозволувал, да се знае која е сопругата и прва дама.