Софи Мекдоналд, од британскиот град Пул, започнала да има проблеми со телесната тежина уште од нејзината 13-годишна возраст. Таа постојано консумирала брза храна.

Од пржена храна до чоколади и десерти, на 27-годишна возраст Софи веќе тежела 144 килограми. „Луѓето постојано зборуваа за мојата тежина. Често слушав коментари на сметка на мојот изглед, но по некое време научив да ги игнорирам.“ – вели Софи.

Сепак лекарите ја предупредиле девојката дека доколку не ја преземе работата во свои раце, постои голем ризик да добие дијабетес или да претрпи срцев удар на 30 години.

По лекарските предупредувања и фактот што веќе не можела да има нормално секојдневние како на пример да отиде во забавен парк или јавен превоз, младата жена добро размислила и започнала да држи диета на свој начин.

Таа се откажала од нездравата храна и започнала да консумира тиква, каша од банани и шумско овошје, како и супи, кои самата таа ги приготвувала во домашни услови.

По временски период од 2 години, нејзината телесна тежина изнесувала 88 килограми, но сега Софи се соочува со нов голем проблем, а тоа е вишокот надвисната кожа.

„Живеењето со прекумерена телесна тежина беше тешко, но да се има толку вишок кожа не е добро.“- додава Софи.

Вишокот кожа достигнува дури до 4 килограми, а ја попречува младата жена да трча, спортува и да извршува дел од секојдневните обврски. За да се ослободи од истата, мора да направи скапа операција, за која моментално нема доволно финансиски средства.