Секој ден гледаме по стотици селфи фотографии од интернет корисници ширум светот, но не сме свесни дека од една фотографија можеме да откриеме многу повеќе отколку што мислиме. Според  истражување во Сингапур, едно „селфи“ кажува многу за вас, а ние ќе ви откриеме што.

1. Сака да се чувствува висок и помажествен

Аглите се сè, особено кога станува збор за први впечатоци. Според една студија, повисоките мажи се сметаат за попривлечни и мажествени и затоа нивните селфи фотографии честопати се прават одоздола, бидејќи така изгледа дека гледаат кон некој понизок.

Она што е уште поинтересно е дека поверојатно е да најдеме вакви селфи од мажи на Тиндер отколку на Инстаграм. Имајќи предвид дека Тиндер е фокусиран на запознавање, станува јасно зошто се претпочита овој агол кога посакуваме да оставиме впечаток како моќни и доминантни.

2. Сака да ја покаже својата привлечна страна

Погледнете ги вашите селфи фотографии – дали сте свртени со лев или десен образ? Шансите се дека на поголемиот дел од нив сте свртени на лево. Причината е интересна – според една студија левата страна на лицето подобро искажува емоции и се смета за попривлечна. Следниот пат кога ќе се сликате, треба да го запомните ова!

3. Сака да се чувствува ситно и поженствено

Ако сте жена која се слика одозгора, можеби се обидувате да ја искажете женственоста. Според една студија, жените се сликаат одозгора со цел да изгледаат помали, што е токму спротивното од мажите кои  се сликаат одоздола. Правејќи селфи од горе, жените можеби се обидуваат да кажат не само дека се ниски, туку и дека се верни и убави.

4. Сака да изгледа автентично и спонтано

Селфито честопати укажува на нашето расположение . Една студија заклучи дека ако позирате во секојдневни ситуации, може да бидете перцепирани како автентична личност. Правењето селфи може да им даде на другите добар впечаток за вашиот карактер.

5. Изгледа како пријатна личност

Ако сте навикнати да се сликате одоздола, да гледате дирекно камерата и да покажувате позитивни емоции, добра вест! Луѓето ве доживуваат како пријатна, дружељубива и комуникативна личност.

6. Изгледа како да сака ризици

Кога правите селфи со насмевка, без притиснати усни, според проценката на другите луѓе, вие сте искрена личност што сака да презема ризици.