Најчеста причина за анемија кај луѓето е недостаток на железо во крвта. Витаминот Б12 и Ц, како и фолната киселина се исто така потребни за создавањето на црвените крвни зрнца, но сепак железото е најважно.

Кај жените една од главните причини за анемија е обилниот месечен циклус. Исто така долготтрајните крварења од носот, крварења од хемороидите или од чирот на желудникот, можат да бидат причина за губење на железо во крвта. Црвеното место, јајцата, џигерот и житариците се едни од најдобрите извори на железо.

Ова се неколку чаеви и напивки кои ќе ви помогнат да ви се подобри железото во крвта:

Чај од коприва

Пијте 2-3 шољи чај од коприва. Се препорачува чајот да биде домашен, така што ќе ставите една лажица листови од коприва во 2 децилитри зовриена вода и почекајте 5-10 минути, а потоа процедете.

Чај од рен

Во еден литар вода додадете 20 грама корен од рен и варете околу 15-20 минути. Оставете да преноќи и пијте по две чаши на ден, меѓу оброците.

Напивка од кромид

200 грама добро исчистен и излупен кромид, да се прелие со алкохол и така да стои три недели. Во половина чаша млеко додајте 20 капки од оваа напивка и конзумирајте три пати дневно.

Чај од орев

Ставете да се варат 20 грама свежи листови од орев, па потоа процедете. Пијте по една чаша дневно, препорачливо пред ручек.