Домовите доаѓаат во сите форми и големини. Без разлика дали станува збор за замок, или куќа на вода, или дом со многу функционален затвор во подрумот, небото е граница кога станува збор за простор за живеење.

Можете дури и да го направите она што го направи овој млад пар – набавија  стар школски автобус и го претворија во дом, каде што живеат со нивното прекрасно куче.

Запознајте ги Кристин Салдана и Кети Марискал, двојка која го набави величествен училишен автобус „Краун коуч“ од 1988 година, во надеж дека ќе го претвори во дом на тркала.

Сега, пред да помислите дека го сториле тоа за да можат да патуваат – не, тие беа многу попрактични во врска со тоа. За волја на вистината, калифорниската двојка сакаше да стапи во брак, а свадбата и живеењето во Лос Анџелес не се најефтините работи што може да ги направите.

Тие дојдоа до решение. Наместо да живеат во нивните посебни станови (чија што закупнина е околу 4500 долари месечно), тие купија училишен автобус, произведен  крајот на 80-тите години на минатиот век,  од сега веќе непостоечката корпорација Краун Коуч со седиште во ЛА, за 7.500 американски долари.

Многу бргу по ова, тие сфатија дека иако се многу способни да направат многу работи за да го направат реалност автобусот-дом кој го нарекоа наречен Аделита – сепак им беше потребна помош од професионалци, кои се погрижија за sидови, наизменична струја, водовод, електрични системи и многу други работи.

Двојката исто така, имаше таква среќа да имаат семејство кое поседува бизнис за мебел , па така голем дел од мебелот што се најде во нивниот нов дом на тркала беше направен по мерка од страна на нивното семејство. Ова за возврат им овозможи да се фокусираат на дизајнирање на останаитот дел од просторот просторот.

Домот ги содржи сите најважни работи што може да му се потребни на просторот за живеење. Широка дневна соба, кујна, плакар и бебешки простор, бања, спална соба. Просторот  шири на површина  од 27,7 квадратни метри., згора на тоа, има електрична енергија и вода.

Внатрешноста е пријатна, модерна и минималистичка. Дневната соба има закривен тросед, софа, полица за книги и ТВ-кабинет, спалната соба собира цел кревет и ноќна маса, кујната е опремена со најважните работи: мијалник, фрижидер, апарати за готвење и трпезарија, а во бањата има мијалник, тоалет и туш.

На крајот, дваете проценуваат дека целиот проект ги чинел околу 50.000долари. Сега, со оглед на тоа што просечната цена на еден дом во метрополитенската област ЛА е околу половина милион долари, можете да претпоставите колку пари потенцијално заштедиле, па дури и направија авантура од тоа!

За оние кои се прашуваат дали автобусот е навистина функционален, одговорот е да. Всушност, кога се појави пандемијата, Марискал доби нова работа во Хјустон, Тексас, па таму возеа од Лос Анџелес, по пат посеувајќи некои туристички места. Парот сега живее во RV парк и плаќа само 800 УСД месечно за многу.