Како што честопати велат фитнес тренериѕр – најважно е редовно да вежбаме! Да бидеме искрени со себе: Не е многу забавно да се вежба, особено не секој ден. Битката за посакуваната фигура не е толку лесна!

Но, денес ви откриваме како без многу труд да ги добиете посакуваните виткни и совршени нозе. Станува збор за 2 моќни вежби дизајнирани од Трејси Андерсон, познатиот тренер на американските ѕвезди. Овие вежби ви овозможуваат да ги отстраните таканаречените масни наслаги на колената и бутовите, што дури знаат да се појават и кај слабите луѓе.

Еве како да ги зајакнеме задниот, предниот и внатрешниот дел на бутовите со овие 2 кратки вежби, притоа истите ќе ги решат проблемите со отекувањето на нозете и проширените вени!

1. Зацврстете го предниот дел на бутовите

Почетна положба – Легнете на грб, со рацете до телото. Кренете ги двете нозе под прав агол, максимално зацврстувајќи ги колената и истегнувајќи на нозете, а потоа истите започнете наизменично да ги свиткувате и исправувате, како што е прикажано на фотографиите. Повторете 10 пати за секоја нога.

2. Зацврстете ги задните делови од бутовите

Почетна положба: Легнете на подот и исправете ги максимално нозете нагоре. Потоа започнете истовремено и двете нозете да ги спуштате и кревате, како што е покажано на фотографијата. Повторете ја вежбата 10 пати.

Вежбите покрај пред спиење, може да ги практикувате и рано наутро.