Сите знаеме дека начинот на исхрана игра огромна улога во контролирањето на холестеролот. Односно, прекумерената консумација на нездрава храна може да го зголеми холестеролот.

Високиот холестерол пак, придонесува за образување на наслаги по ѕидовите на крвните садови, што сериозно негативо влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Покрај здравата исхрана, денес ви откриваме и еден ефикасен и природен начин како да го решите овој проблем.

Домашен напиток за контролирање на холестеролот

Потребни состојки

  • 2 цели лимони
  • 1 литар топла вода
  • Куркума

Начин на подготовка

Добро измијте ги и исечете ги лимоните на неколку делови, а потоа поставете ги во блендер. Следно, кон истите додадете малку вода и 1 супена лажица куркума. Добро измешајте ги сите состојки заедно. А на крај, додадете го остатокот од водата.

Прецедете ја добиената смеса.

Начин на употреба

Потребно е напитокот да го пиете 3 пати на ден. Така подготвената смеса ќе биде доволна за цел ден, само е потребно да ја поделите на 3 дела.

Лимонот содржи голем број на витамини, минерали и најважното- антиоксиданти, кои ефикасно го отстрануваат воспалението на крвните садови и ги елиминираат наслагите од холестеролот. Лимонот го намалува нивото на холестерол и превентивно делува против појавата на атеросклероза.