Скоро сите ние, последните 6 месеци ги поминавме хибернирајќи во зимската облека, но сега летото е на самиот праг. Ако сакате брзо да се доведете во форма, пред вашиот одмор, тогаш следете го овој едноставен план!

Овој ексклузивен план со нова диета, комбинирана со лесни вежби, која ги воодушеви Интернет корисниците, ќе ги помогне за само 6 недели да го доведете вашето тело во супер форма и притоа да изгледа беспрекорно тонирано.

Планот е направен и за мажи и за жени, па е одлична можност да слабеете во друштво на вашиот партнер.

А воедно, истражувањата покажале дека слабеењето со партнерите, значително ја зголемува бројката на намалени килограми.

Како функционира оваа диета?

Уште од 1970-те години, па до скоро време, се веруваше дека за ефикасно губење на вишокот килограми е потребно само нискокалорични и оброци со низок процент на масти.

Но, најново истражување покажа диета со низок процент на бели јаглехидрати и преработни шеќери е далеку поефикасна во остранување на вишокот масти од организамот.

Па така, без да гладувате, едноставно само префрлете се на Медитеранската кујна, која вклучува чисти протеини како пилешко, риба, јајца, јаткасти плодови, многу овошје и зелечук и леб од цело зрно.

Следниот план вклучува протеини во секој оброк, што ќе ве направи сити во текот на целиот ден и ефективно ќе го регулира нивото на шеќери во крвта.

6-неделен план за губење на вишокот килограми, на здрав и лесен начин

Правила

  1. Консумирајте секојдневно една полна дланка, јаткасти плодови.
  2. Избегнувајте ги белите јаглехидрати во големо количество. Наместо тоа, одберете тестенини, ориз и леб од цело зрно.

  1. Пијте многу вода, минимум 8 чаши на ден. Тоа ќе ви го намали чувството на глад.
  2. Не пијте повеќе од 2 шолји кафе и чај дневно.
  3. Алкохолот нека ви биде намален на консумирање само двапати неделно.

Избор на појадок

  • Кајгана (две јајца за маж, едно за жена), поставена на парче потпечен леб од цело зрно и додадени 1 лажица парчиња од димен лосос.
  • Потпечено парче леб со една лажица путер од јаткасти плодови + пола шолја јагоди.

  • Зеленчуков омлет направен од спанаќ, шампињони и црвена пиперка.
  • Млечен напиток од манго и банана (Во блендерот ставете 1/3 манго, мала банана и додајте млеко)
  • Овесна каша со додадено свежо овошје во неа.
  • Варено јајце, 1 парче потпечен леб, половина авокадо и 1 јаболко.

Избор на ручек

  • Сендвич од риба, две парчиња леб од цело зрно, домат и салата. Потоа консумирајте и 1 банана.
  • Риба со зеленчук, плус две парчиња свеж ананас.
  • Парче пита од цело зрно и кисело млеко.

  • Сладок компир комбиниран со вегетеријанско чили, направено од морков, зелена леќа и мелен црвен пипер.
  • Авокадо и салата од пилешко измешано со зеленчук по ваш избор. Плус 1 јаболко на крај.
  • Варена леќа со зеленчук. Плус 1 праска на крај.
  • Риба комбинирана со варен спанаќ.

Избор на вечера

  • Стек приготвен на скара, во комбинација со печурки и брокула.
  • Мешана салата со зеленчук, компир и додадено кокосово млеко.

  • Парче риба со варен зеленчук приготвен на пареа, како морков, брокула и грав.
  • Пилешки гради прелеани со сок од лимон и половина сладок компир.
  • Парче јагнешко месо со малку грав и брокула, приготвени со маслиново масло.

Дозволена храна меѓу оброците

  • Јаткасти плодови
  • Кисело млеко
  • Јаболка
  • Авокадо
  • Морков

Вежби

Покрај правилната исхрана, потребно е и физички да се активирате. Со вежбите, напредокот ќе биде значително побрз и резултатите ќе ги видите за предвидениот краток временски период.

Во продолжени следуваат 3 типови на вежби, кои ќе ви помогнат да го активирате и затегнете секој дел од телото:

За стомакот

За затегнување на нозете, правете странични кревања, во лежечка положба

Вежби за целото тело