Меланинот е специјален пигмент која ја дава природната боја на нашата коса. Тој е присутен во телото на секој човек, но не во исто количество. На пример, во косата со темна боја има повеќе меланин, отколку во светлата коса.

Со текот на возраста, телото на човекот ја губи способноста за произведувањето на овој пигмент, при што, затоа повеќето луѓе во текот на нивните 40-те години се исправени пред проблемот со сива, односно бела коса.

За таа цел, денес ви откриваме како да се ослободите од белите влакна, без да мора да ја бојадисувате вашата коса.

Домашно средство за зголемување на меланинот во косата

Потребни состојки

  • 6 супени лажици црн чај
  • 2 литри врела вода
  • 3 супени лажици јаболков оцет

Начин на подготовка

  • Сварете го чајот, а потоа оставете го да се излади.
  • Предецете го истиот со помош на цедалка и следно, затоплете го малку.
  • На крај, додадете го јаболковиот оцет во чајот.

Начин на употреба

Пред употреба на растворот, обратете внимание на облеката, односно изберете алишта за кои нема да ви биде жал, доколку се уништат од течноста.

Веднаш по нанесувањето на шампонот, неопходно е да ја исплакнете вашата коса со оваа природна инфузија од црн чај.

Плакнењето треба да трае 15-20 минути, а по истото, не ја мијте вашата коса, туку едноставно завиткајте ја во крпа. Обидете се колку што најмногу можете, да ја исушите вашата коса со раце, а потоа и со фен.

Овој третман треба да го практикувате секогаш кога ќе ја миете вашата коса, а во рамките на 2 недели, ќе ги забележите посакуваните резултати.