Човекот не може да ги избере квалитетите со кои ќе се роди, како што не може да ги избере чувствата. Одредени работи едноставно луѓето ги добиваат од раѓање, преодредени од самите ѕвезди.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Интимната сфера не е никаков исклучок од астролошкото влијание, па така додека некои хороскопски знаци се надарени со големо либидо, следните 3 хороскопски знаци за жал, важат за личности со најниско либидо.

Еве кои се тие:

1. Близнаци

Иако ако им судиме според останатите карактеристики, ќе речеме дека Близнаците се луѓе со неверојатен интимен живот, сепак, во реалност, нештата се сосема поинакви.

Близнаците можеби обожаваат да флертуваат, но нивното либидо е навистина скромно. Тие не се карактеризираат ниту со огнен темперамент, ниту со висока страст. Истовремено, најчесто се фокусирани на самите себе, при што често го забораваат нивниот партнер.

2. Јарец

Јарците го обожаваат редот и според нив, сите работи во животот треба да бидат умерени. Тоа се однесува и на интимниот живот, кој според нив, треба да се одвива според однапред јасен план.

Претставниците на овој хороскопски знак се многу тешки за разбирање, бидејќи постојано ги кријат своите чувства. Токму нивното студено однесување и резервираност, пропратени со ниско либидо ги прави воопшто непривлечни.

3. Рак

Раковите важат за најемотивните и најчувствителните претставниците на хороскопот, при што емотивната поврзаност со партнерот за нив секогаш доаѓа во прв план.

Тие може да го опсипат нивниот партнер со море од нежни емоции, но не и со возбуда и страст, бидејќи имаат многу ниско либидо. Доколку пронајдат личност која совршено ги разбира, тогаш може да се опуштат, но повторно без огнени емоции во кревет.