Консумирањето на засладените газирани напитоци е не најдобриот избор за освежувње, бидејќи истите се штетни за нашето здравје, особено за тежината. Денес ви откриваме една чудесна алтернатива за истите!

Домашно мохито со малини

Консумирањето на засладените газирани напитоци не e најдобриот избор за освежувње, бидејќи истите се штетни за нашето здравје,особено за тежината. Денес ви откриваме една чудесна алтернатива за истите!
Вкупно време30 минути
Оброк: Аператив
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: малини, мохито, домашно мохито
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр малини
  • 20 гр нане
  • 200 гр шеќер
  • 70 гр лимон

Начин на подготовка

  • Добро измијте го лимонот и добро залејте го со врела вода, а потоа добро исечете ги на кругови со ширина од 5 мм. Не заборавајте даги отстраните сите семиња, со цел да го избегнете горчеливиот вкус.
  • Обилно исплакнете ги листовите од нането и малините. Налејте вода во сад и доведете ја до точка на вриење.
  • На дното на стерилизирана тегла поставете ги малините, неколкуте листови на нане и исечениот лимон. Покријте ја теглата со капак и оставете ја да претстои 20 минути.
  • По 20 минути исипете ја водата од теглата во тава и додадете шеќер. Варете го сирупот 5 минути, а потоа вратете го назад во теглата со овошјата. Затворете ја теглата со капак, свртете ја надолу и оставете ја додека да се излади целосно.