Go Back

Домашно мохито со малини

Консумирањето на засладените газирани напитоци не e најдобриот избор за освежувње, бидејќи истите се штетни за нашето здравје,особено за тежината. Денес ви откриваме една чудесна алтернатива за истите!
Вкупно време30 минути
Оброк: Аператив
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: домашно мохито, малини, мохито
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр малини
  • 20 гр нане
  • 200 гр шеќер
  • 70 гр лимон

Начин на подготовка

  • Добро измијте го лимонот и добро залејте го со врела вода, а потоа добро исечете ги на кругови со ширина од 5 мм. Не заборавајте даги отстраните сите семиња, со цел да го избегнете горчеливиот вкус.
  • Обилно исплакнете ги листовите од нането и малините. Налејте вода во сад и доведете ја до точка на вриење.
  • На дното на стерилизирана тегла поставете ги малините, неколкуте листови на нане и исечениот лимон. Покријте ја теглата со капак и оставете ја да претстои 20 минути.
  • По 20 минути исипете ја водата од теглата во тава и додадете шеќер. Варете го сирупот 5 минути, а потоа вратете го назад во теглата со овошјата. Затворете ја теглата со капак, свртете ја надолу и оставете ја додека да се излади целосно.