Денес ви претставуваме еден чудесен бабин рецепт за домашно белило, кој има значително подобар ефект од скапите купечки производи. Истиот ефикасно ги отстранува сите дамки, а облеката станува бела, токму како нова.

Домашно средство за отстранување на масни дамки

Дамките по кујнските крпи и облеката на кои се наталожуваат при готвењето и слично, најлесно се отстрануваат со сенф. Разредете 2 супени лажици сенф во прав во 1 литар врела вода и оставете ја смесата да отстои така. Потоа, прецедете и разредете во неопходното количество на вода и потопете ги крпите или облеката во растворот, да отстојат во текот на ноќта.

По постапката, исперете ги крпите и облеката на вообичаениот начин.

Избелување на бела облека

Белите работи најчесто пожолтуваат со текот на времето или од самото перење. Истите може да ги избелите на многу лесен начин- едноставно додадете амонијак во водата заедно со прашокот за перење.

Дури и старите алишта, по неколку вакви процедури, стануваат како нови.

Избелување на свила и волна

Потопете ги свилата и волната во следниот раствор: 50 гр прашок за перење на 10 литри вода, 6 супени лажици сол, 1 супена лажица амонијак и 1 супена лажица 3% хидроген. Потопете ги алиштата во растворот и оставете ги да отстојат 5 часа, а потоа исперете на делкатен режим на перење.