Ако во вашата бања непрекинато се наталожува рѓа, особено во деловите околу кадата и самиот мијалник, денес ви откриваме како најлесно и најбрзо да се справите со овој несакан проблем, без да трошите богатство!

Домашно белило за ефикасно отстранување на рѓа

Потребни состојки

  • 100 гр амонијак
  • 50 гр хидроген

Начин на подготовка и употреба

Земете стаклен сад (тегла од половина литар) и добро исплакнете го со вода. Потоа, садот добро избришајте го со обична крпа. Облечете гумени ракавици, со цел да ја заштитите вашата кожа.

Следно, во садот исипете го амонијакот, а потоа на слаб оган, додадете го и хидрогенот. Добро измешајте го растворот, со протресување на садот. Нанесете го добиениот раствор врз чисто парче ткаенина или сунѓер и со истиот избришајте ги местата во бањата при кои се формирала рѓа.

Оставете го растворот да дејствува 10-15 минути, а потоа исплакнете со вода. Од рѓата нема да остане ниту траг!