Нема ништо поубаво од домашно приготвен десерт, а особено овие домашни чоколадни бонбони со величествен вкус едноставно немаат конкуренција. Еве како уште веднаш да ги приготвите!

Домашни чоколадни бонбони

Нема ништо поубаво од домашно приготвен десерт, а особено овие домашни чоколадни бонбони со величествен вкус едноставно немаат конкуренција. Еве како уште веднаш да ги приготвите!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: домашни бонбони, бонбони, чоколадни бонбони
Порции: 4

Состојки

За послатки бонбони

  • 160 мл кондензирано млеко
  • 40 гр какао во прав + какао за крајна декорација

За побогат чоколаден вкус

  • 100 мл кондензирано млеко
  • 50 гр какао во прав + какао за крајна декорација

Начин на подготовка

  • И во двата случаи постапката е иста.
  • Со проѕирна фолија покријте мал правоаголен силиконски или пластичен сад.
  • Загрејте го кондензираното млеко во микробранова печка на 30 секунди. Следно, во садот додадете го и какаото и измешајте ги состојките, до добивање на густа чоколадна смеса без грутки.
  • Исипете ја добиената чоколадна смеса во правоаголниот сад и оставете ја да се зацврсти во ладилникот на 1 час.
  • При вадењето, свретете ја чоколадната смеса, така што дното ќе дојде одозгора и лесно отстранете ја фолијата.
  • Исечете ја смесата на малки коцки или формирајте топчиња, а потоа истите поставете ги во какао во прав и чудесните чоколадни бонбони веќе се готови за сервирање!