Меѓу најпопуларните средства меѓу дамите, во борбата против стареењето и брчките се маските, а денес ви го откриваме рецептот за т.н „жива“ маска, која кожата ја прави млада и совршено мека.

„Жива“ маска за совршена кожа без брчки

Потребни состојки

  • 2 кафени лажици свеж квасец
  • 6 кафени лажици пресно млеко
  • 10 гр течен мед
  • 2 кафени лажици нишесте
  • Витамин А
  • Витамин Е

Доколку сте алергични на мед, може да го замените со кисело млеко, а воедно, витамините не се задолжителни, може да ги додадете по ваша желба. Задолжително е квасецот да биде свеж, а не сув, бидејќи го содржи неопходните компоненти.

Начин на подготовка

Најпрво полејте го квасецот со топло млеко и оставете го така 20 минути. Потоа додадете го и медот и добро измешајте ги состојките. Следно, додадете го нишестето и по 2 капки од секој од витамините и повторно измешајте.

Следно, кон добиената смеса додадете (по 2 супени лажици) од состојките според типот на вашата кожа:

  • Масло – За сува кожа
  • Сок од компири – За мрсна кожа
  • Сок од моркови – За комбинирана кожа

Начин на употреба

Непходно е маската да се нанесе во неколку слоеви, еден по друг, односно откако едниот слој ќе се исуши, веднаш нанесете го следниот. Не ја нанесувајте маската во зоната околу очите. Истата оставете ја да дејствува не повеќе од 20 минути, а потоа измијте со топла вода.

Се препорачува овој домашен третман да го практикувате во рамките на 14 дена.