Пчелиниот восок е добро позната состојка за нега и убавина на кожата, која се користела уште од древните времиња. Поради неговата моќ, не е изненадувачки што денес е дел од составот на најскапите креми за лице.

Но, со цел да заштедите на вашиот буџет, а да добиете подеднаков чудесен ефект, за денес ви претставуваме извонредна маска за лице која уште денес може да ја приготвите во домашни услови, а благодарение на која ќе добиете мазна и беспрекорна кожа.

Крем маска од пчелин восок и путер против брчки

Потребни состојки

  • 50 гр путер
  • 10 гр пчелин восок
  • 1 супена лажица зејтин
  • 1 кафена лажица маслен раствор од витамин А
  • 10 гр суви листови од магдонос

Начин на подготовка

Измешајте ги добро сите состојки заедно, а добиениот крем потоа нанесете го на вашето лице. Направете ја маската во текот на денот, а за да ги добиете посакуваните резултати на мазна кожа без брчки, потребно е да направите 10 вакви домашни третмани.