Ако имате проблематична кожа, која е пропратена со дамки од сончевите зраци, лузни, како и несакани темни кругови под очите, тогаш ова неверојатно лековито растение ќе направи вистинско чудо за вашата кожа!

Станува збор за магдоносот, кој содржи во себе елементи кои се извонредно ефикасни за отстранување и ублажување на дамки предизвикани од изложеност на сончеви зраци, темни флеки предизвикани од акни и темни дамки околу и под очите.

Тој е неверојатно богат со витамин Ц, кој ќе й даде на вашата кожа дополнителна еластичност, затегнатост и сјајност.

Магдоносот ефикасно помага за избелување споменатите хиперпигментации и враќање на природниот тен и текстура на кожата. Едноставно пригответе лесна домашна маска од истиот и користете ја 2-3 пати, неколку недели по ред.

Домашна маска за совршено лице без дамки и темни кругови

Потребни состојки

  • 1/3 страк од магдонос
  • 2 супени лажици јогурт
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Додадете ги состојките во блендер и измешајте додека не добиете една хомогена смеса. Нанесете ја добиената маската на целото лице и оставете ја да дејствува 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода и добро исушете ја кожата.