Секој од нас се нашол во ситуација да се соочи со ненајавени гости, а да немаме ништо од посебно приготвена храна дома, а токму следниот рецепт за златен брз ролат е совршеното решение за оваа цел!

Брз ролат

Секој од нас се нашол во ситуација да се соочи со ненајавени гости, а да немаме ништо од посебно приготвена храна дома, а токму следниот рецепт за златен брз ролат е совршеното решение за оваа цел!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: ролат
Порции: 4

Состојки

  • 5 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 120 гр шеќер
  • 90 гр пченично брашно
  • 2 гр пециво
  • 50 мл сончогледово масло
  • 50 мл млеко
  • Слатко по ваш вкус

Начин на подготовка

  • Одделете ги жолчките од белките, додадете прстофат сол и добро изматете со миксерот. Додадете 50 грама шеќер и продолжете со матење. Масата на смесата треба двојно да се зголеми.
  • Изматете ги белките во длабок сад за 1 минута. Поделете го преостанатиот шеќер на 3 дела и постепено додадете ги кон белките, притоа непрекинато мешајќи со миксерот, додека да добиете цврста пена.
  • Додадете ги жолчките, додека внимателно ја мешате смесата во насока на стрелките на часовникот со силиконска шпатула. Додадете ги пресеаното брашно и пецивото.
  • Измешајте сончогледово масло и млеко. Кон смесата додадете неколку супени лажици од тестото од јајцата, добро измешајте, а потоа одозгора полејте го преостанатото тесто и измазнете.
  • Поставете го добиеното тесто врз хартија за печење, во соодветен сад. Распоредете рамномерно и поставете го да се пече 30 минути на170°C.
  • Додека сè уште е топол, поставете го пандишпанот врз хартија за печење и направете неколку засеци врз неговата површина, премачкајте со мармалад, крем или било каков фил по ваша желба и завиткајте го ролатот.