Таанот содржи лецитин, железо, калиум, манган, бакар, магнезиум, линоленска киселина, олеинска киселина, лизин, лигнани, триптофан, витамин Е, витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б15 и фосфор. Исто така, содржи метионин кој помага во детоксификација на црниот дроб. Содржи калциум, кој е добар за коските и забите. Таанот придонесува за здрав раст на клетките и спречува појава на анемија. Во исто време ги зајакнува мускулите и ја прави кожата здрава. Овозможува брзо варење на храната. Заборавете на холестеролот и високиот притисок. Не заборавајте дека употребата на мала количина на таан секојдневно, ќе ја подобри работата на срцето, ќе ги доведе во рамнотежа хормоните и ќе ја исчисти Вашата кожа. Жените во менопауза треба да го употребуваат таанот за да воспостават рамнотежа во организмот, заборавете на заморот, болката во мускулите, топлотните напади, промена на емоциите.

Потребни состојки:

250 гр сусам

80 мл маслиново масло

Начин на подготовка:

Печете го сусамот додека добие златна боја. Оставете да се излади, а потоа изблендирајте го. Постепено додавајте го маслиновото масло, додека ја добиете саканата густина.
Ставете го во тегла и чувајте на суво и темно место.