Домашен сируп за искашлување

Сезoната на настинки за жал започна и затоа сите треба да бидеме добро подготвени. Овој домашен сируп не само што помага при искашлувањето, туку и го подобрува имунитетот.

Состојки

  • 3 гранки рузмарин
  • 3 лимони
  • 250гр шеќер
  • 1л вода

Подготовка

Измијте го лимонот и потопете го во вода во која има 1 лажица сол и 1лажица сода бикарбона. Нека отстои така 24 часа а потоа убаво се мие. Во 1 литар вода се ставаат лимоните исечени на парчиња и рузмаринот и сето тоа се става на варење. Оставете ја да врие додека течноста не испари на пола, а потоа се цеди убаво низ газа. Од како ќе се исцеди на течноста се додава шеќерот и се става само да зоврие колку да се стопи шеќерот, па се трга настрана да се олади и се собира во стаклени теглички.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *