Секој од нас, барем еднаш се соочил со непријатната ситуација да почувствува заглавен трн во кожата, особено кој најчесто се случува да се заглави при петите.

Покрај тоа што предизвикува болка, истиот може да предизвика и чувство на голема неудобност, а неговото отстранување знае да биде вистинска невозможна мисија.

Но, без грижи, токму за оваа цел, како да го решите проблемот брзо и ефикасно, ви претставуваме еден едноставен домашен лек, но со моќен ефект.

Како да го подготвите лекот?

Ќе ви биде потребно

  • Мед
  • Жолчка

Начин на подготовка

Наутро, пригответе ја смесата од јајцето и медот. Едноставно, кон жолчката додадете 1 супена лажица мед и добро измешајте ги состојките. Добиената смеса складирајте ја во ладилникот.

Вечерта, направете топла купка за вашите нозе, а по истата, исушете ги стапалата. Направете облога од претходно добиената смеса и во истата завиткајте ги стапалата, притоа оставајќи го лекот да дејствува во текот на целата ноќ.

Следното утро, отстранете ја облогата. Практикувајте го нанесувањето на облогата, додека да исчезне трнот. Се препорачува смесата да биде затоплена, пред нејзината употреба.