Дури и за време на пандемија не застануваат напорите за подобри транспортни врски низ Европа, па штом коронавирусот стане минато, сè ќе биде повеќе од подготвено да се вратиме назад на патување. Новите ноќни линии, планирани за 2022 година, ќе ги поврзат Прага, Дрезден, Берлин, Амстердам и Брисел и ќе го направат патувањето уште полесно и поефикасно.

Новиот ноќен воз на RegioJet, ќе тргнува од Прага во вечерните часови, ќе застане во Берлин, Дрезден и Амстердам и ќе пристигне во главниот град на Белгија рано наутро. Возот ќе има стандардни седишта, но и кабини за спиење, за да можат патниците убаво да се одморат. Ќе имате пристап до интернет, појадок, бесплатно кафе, а исто така добра вест е што сите љубители на велосипедизмот ќе можат да го понесат својот велосипед на патувањето.

Оваа најавена линија само ги продолжува планираните работи на европската железничка мрежа, за кои веќе се договорени Германија, Австрија, Франција и Швајцарија, кои ќе инвестираат во развојот на ноќните линии.

Од Декември годинава возовите ќе ги поврзат Виена и Париз со застанување во Минхен, но и Цирих и Амстердам. Околу Божиќ 2022 година, патот ќе ве однесе од Цирих до Рим, а во малку далечна иднина, од гореспоменатиот швајцарски град, ќе можете да патувате и кон Барселона.

Можеме да заклучиме дека сето ова е одлична вест и дека едвај чекаме конечно да започнеме повторно да патуваме како порано.