Оваа диета со кисело млеко е исклучително лесна за практикување, а причината се должи на тоа што за нејзиното мени не се потребни голем број на производи.

Насоки за држење на диетата

Доколку во текот на денот почувствувате поголем глад, тогаш земете овошје или јаткасти плодови или пак изедете 1 супена лажица мед. Пијте многу течности во текот на денот, но не и газирани. Алкохолот не е дозволен за време на диетата, а доколку имате соковник, тогаш редовно подготвувајте свежи сокови од разно овошје и зеленчук.

Исто така, не заборавајте на физичката активност и редовно вежбајте. Не е неопходно да правите премногу сложени вежби или да се преоптеретувате, едноставно тренирајте за да бидете полни со енергија.

Мени за 4 дена за диета со кисело млеко и банани

Ден 1

Појадок: 2 големи кисели млека и 1 банана

Ручек: 2 големи кисели млека и 50 грама мусли

Ужина: 1 големо кисело млеко

Вечера: 1 големо кисело млеко

Ден 2

Појадок во 8 часот: 1 големо кисело млеко и 1 банана

Ужина во 10 часот: 1 големо кисело млеко

Ручек во 12 часот: 1 големо кисело млеко и 50 грама мусли

Ужина во 17 часот: 1 големо кисело млеко

Вечера во 20 часот: 1 големо кисело млеко

Доцна ужина во 22 часот: 1 големо кисело млеко

Ден 3

Појадок: 2 големи кисели млека, малку мусли и 1 јаболко

Ручек: 2 големи кисели млека и 1 банана

Вечера: 2 големи кисели млека

Ден 4

Појадок во 8 часот: 1 големо кисело млеко и 50 грама мусли

Ужина во 10 часот: 1 големо кисело млеко

Ручек: 2 големи кисели млека

Вечера: 2 големи кисели млека и 1 банана

Диетата се практикува меѓу 3 и 5 дена, а по држењето на истата, вратете се на вашето нормално хранење. На овој начин ќе го заштитите и прочистите вашиот организам од токсини, но и ќе успеете да симнете некој вишок килограм.