Кога имала само 14 години, корисникчка на TikTok  позната како k.jewel5 запознала момче што набрзо станал нејзин партнер. Тој живеел во Њујорк па така нивната врска морала да функционира на далечина.

По шест месеци романтика, парот раскинал поради „огромна кавга“, типично за тинејџерски врски нели? Но она што се случило понатаму дефинитивно не е типично.

Младиот пар не зборувал три дена, што секако не е нешто необично, но токму во тој момент работите тргнале наопаку …

@k.jewel5I wish I was lying.. #onlyme #fyp #mylife #idkanymore #men #truestory #2021 #why

♬ my audio yellow – 𝒷♡

Девојката која сега има 20 години, сподели:

„Дознав дека го прободеле со нож и дека бил во болница. Тој паднал во кома и по неколку дена ми јавија дека починал. Тоа беше пред шест / седум години“.

„Пред два дена тој објави слика од него и неговиот нов дечко“.

Во продолжение на видеото, k.jewel5 откри дека таа „плачела“ откако го видела своето поранешно момче и неговата нова љубов, велејќи дека „изгледаат многу среќно заедно “

Таа решила да го контактира и да бара објаснување за тоа што се случило, но за жал не добила одговор.