101-годишната Уви и 103-годишниот Лерој Еват оваа недела ја прославија 80-годишнината од бракот и дадоа свои совети за како да имате долг и среќен брак.

Двојката има ќерка, внука и правнуци, а Уви вели дека „нема никој на светот како нив“.

Уви и Лерој велат дека правилната исхрана е единствен начин да доживееш 100 години и ја именуваа комуникацијата и тимската работа како „клуч“ за среќен брак.

Погледнете го интервјуто што ќе ви го стопли срцето тука:

За тоа кој е „главен“ во бракот, Лерој се пошегува: „Јас сум главата на куќата, а таа ја контролира главата“.

Уви и Лерој пораснале заедно во Вилонија, Арканзас, САД, а нивната врска трае толку долго што дури и не можат да се сетат кога започнала.

На прашањето колку долго биле заедно пред бракот, Уви изјави: „О, навистина не знам, толку време помина што навистина заборавив“.

Иако бракот на Уви и Лерој е долг, парот допрва ќе треба да го собори Гинисовиот рекорд за најдолг брак, кој во моментов е 86 години.

Според Гинисовата книга на рекорди, Херберт и Зелмира Фишер моментално ја имаат титулата за најдолг брак. До смртта на Херберт во 2011 година, двојката беше во брак 86 години и 290 дена.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2021/05/12-3-860x444.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2021/05/12-3-400x214.jpgМарија ТодоровскаНекатегоризирано101-годишната Уви и 103-годишниот Лерој Еват оваа недела ја прославија 80-годишнината од бракот и дадоа свои совети за како да имате долг и среќен брак. Двојката има ќерка, внука и правнуци, а Уви вели дека „нема никој на светот како нив“. Уви и Лерој велат дека правилната исхрана е единствен начин...Секој ден нешто свежо