Рејчел (@radrachelle) има различна боја на двете очи. Ова само по себе не е многу шокантно имајќи предвид дека сме го виделе и порано.

Но невообичаено е тоа што таа има линија по центарот на трупот и пигментацијата на нејзината кожата е различна на левата и десната страна. Рејчел е „химера“, што значи дека има две групи ДНК во своето тело бидејќи го „апсорбирала„ својот близнак.

Првично, експертите веруваале дека станува збор за хетерохромија – состојба која предизвикува различна боја на очи. Но кога Рејчел се разболела на 14-годишна возраст и била дијагностицирана генетска состојба што предизвикала рак на дебелото црево.

@radrachelleI am a Chimera, I absorbed my fraternal twin sister. #chimerism #lifestyle #Science101 #whenwomanwin #Chimera #viral♬ original sound – TheDoctors

Во своето ТикТок видео кое има повеќе од 9,6 милиони прегледи, таа објаснува: „Конечно најдов на лекар кој ми објасни дека сум химера. Химеризам е состојба каде што се спојуваат две јајце клетки од близнаци додека  се во матката. Ја апсорбирав мојата сестра близначка и ја носам нејзината ДНК во моето тело“.

Само еден во 76 милиони луѓе имаат химеризам, што значи дека немало обемно тестирање за тоа како може да влијае на телото и да биде поврзано со други здравствени состојби, како што е ракот на дебелото црево и други генетски мутации.