Околу 1 на секои 700 бебиња во светот се раѓаат со Даунов синдром. Дауновот синдром е состојба кога едно лице е родено со дополнителен хромозом. Овој дополнителен хромозом може да предизвика компликации во развојот на телото и мозокот на бебињата за време на бременоста.

И покрај тоа што луѓето со Даунов синдром може да имаат повеќе потешкотии од оние без него, нивната состојба не ги спречува да бидат силни и успешни.

Токму ваква инспиративна и успешна е приказна за Кенеди Гарсија, прекрасниот модел со Даунов синдром, а ова е нејзината приказна:

Не беше лесен пат

Почетокот беше навистина тежок за Кенеди, како и за многу други луѓе кои страдаат од Даунов синдром. Таа помина многу време во болница, но со помош на лекарите, семејството и сопствената слободна волја и позитивен став, го помина сето тоа.

„Таа дефинитивно надмина многу. Имаше над 30 операции и леукемија, а потоа и операција на фузија на ‘рбетот како дете. Помина тежок пат. Кенеди секогаш одржуваше позитивен став и насмевка низ сè, дури и кога беше супер болна или имаше болка “.

Патот до успехот

Манекенството и глумата се нејзини природни таленти. Уште од мала, таа ги покажуваше истите. Дури и со борбите што ги следеа, таа успеа.

„Кенеди отсекогаш ја сакал камерата и започна да се занимава со манекество и рекламирање на бутици кога имаше 6 години. Малите продавници испраќаа облека, а ние за возврат ќе испраќавме фотографии.“

„Ја започнавме нејзината страница на Инстаграм и компанијата „Американска девојка“ ја откри Кенди кога имаше 10 години. Ја контактираа преку агент, а тоа беше нејзината прва голема работа во Лос Анџелес. Ја сакаше секоја секунда од искуството и беше веднаш привлечена кон работата! Таа започна да глуми таму и ден денес продолжува со кариерата.“

„Дури и пред манекеството, нејзината прва љубов отсекогаш беше танцувањето. Таа започна да танцува на 5 години, откако се опорави од операцијата на ‘рбетот. Започна на час по мал балет, а потоа се премести во натпреварувачки тим кога имаше 6 години.“

„Таа во моментов е единствената со посебни потреби во нејзиниот натпреварувачки тим и токму преку танцот, ги запозна своите најдобри пријатели. Тоа ја предизвика, ја поттикна и ја научи да работи во тим и успешно да се соочува со победите и со поразите. Кенеди толку многу го сака своето танчерско семејство и мислам дека тоа секогаш ќе биде клучен дел од нејзиниот живот, дури и откако ќе дипломира.“

Упорноста и поддршката беа клучни

За Кенеди и нејзиното семејство 16 години беа период на подеми и падови, но за среќа, подемите беа многу позначајни од падовите! Со љубов, поддршка и своја слободна волја, Кенеди успеа да напредува.
Нејзиното семејство има клучна улога во ова, како и нејзиното момче и нејзините пријатели. Важно е да имате рамнотежа помеѓу вашиот социјален живот и вашата работа.

„Дефинитивно имало подеми и падови во ова наше животно патуваљњ, но веќе 16 години, доброто го надмина лошото. Кога се роди со дијагностициран Даунов синдром, ни беше даден многу мрачен поглед на нејзината иднина … не оној на кој некогаш би се надевале, за вашето дете, но Кенеди континуирано докажуваше дека тие лекари не се во право, бидејќи на свој начин му покажа на светот што може да стори.“

Нејзината мајка секогаш стоеше покрај Кенеди и ја гледаше како расте. „Во текот на нејзиниот живот, „експертите “ни кажуваа„ Таа никогаш нема … “ и секој пат кога ќе им покажеше„ О да, можам!“ Се чувствувам толку среќна што сум нејзина мајка и добив место од првиот ред во нејзиниот живот да сведочам како успева во животот!“

Неколку мудри зборови

Таа дефинитивно помина низ многу, но со својата љубезност и емпатија, Кенеди успеа да ги разубави животите на сите околу неа. Таа има своја силна светлина и благодарни сме што сподели дел од своите совети со нас.

„Кенеди одеше во училиштата во нашата област за да разговара со учениците од основните и средните училишта за Даунов синдром, што е тоа и како да се биде пријател со луѓето со попреченост и секогаш им кажува дека кога ќе сретнете некој со попреченост и сакате да започнете разговор, едноставно поздравете се! Тоа може да биде почеток на едно убаво пријателство! И таа е во право, ништо не мора да биде тешко или комплицирано.“

„Луѓето со Даунов синдром или други попречености се исто како и ние останатите. И мислам дека тоа е она што Кенеди се труди да го покажува секој ден на својот профил на Инстаграм. Дека е прилично типична тинејџерка … сака да оди во шопинг, да се допишува со пријателите, да спие до доцна, да се дружи со своето момче и да јаде нездрава храна, исто како и повеќето девојки на нејзина возраст, и ако луѓето дадат шанса да ја запознаат, би открилд дека таа е прилично одлична пријателка и е многу забавна!“

„Лицата со попреченост се насекаде, во вашите училишта, населби, на работното место и многу повеќе и се надеваме дека ќе ја искористите можноста да создадете нов пријател кога имате шанса!“