Вечно поставуваното прашање меѓу многу жени. Еве каков одговор имаат на тоа експертите и научниците.

Колку и неверојатно да звучи, одговорот е да! Жена може да забремени додека е бремена. Иако звучи како натприроден феномен од некој научно-фантастичен филм, ова е сосема вистина- Жена може да зачне повторно, откако веќе е бремена.

Оваа ретка состојба се нарекува „суперфекција“, која сугерира на втор фетус, додека жената е бремена со друг фетус. Како резултат на тоа, среќната мајка добива близнаци на различна гестациска возраст, а понекогаш друри и два различни датуми на раѓање.

Суперфетацијата не е исто како суперфункција. Второто подразибра оплодување на 2 јајце клетки, ослободени во текот на еден менструален период, при одделни полови односи. Во овој случај, жената може да добие близнаци со иста или различна гестациска возраст.

Во случај на супефетација, жената зачнува за време на различни менструални циклуси и покрај гестациската различна возраст, близнаците ќе имаат и различна тежина, висина, па дури и крвна група.

Нормално, кога една жена е бремена, јајчниците престануваат да ослободуваат јајце-клетки во матката, бидејќи хормоните испраќаат сигнал на телото „да се подготви“ за развој на ембрион и раст на бебе.

Меѓутоа, кога се одвива суперфетацијата, јајчниците генерираат и ослободуваат друга јајце-клетка, која исто така може да се оплоди.

Постојат 10 официјално познати случаи на ваков феномен, а последниот е во Австралија, при жена по име Кејт Хил- Таа забременила двапати во рок од 10 дена. Роди две девојчиња, Шарлот и Оливија, кои биле класифицирани како близнаци, но временската разлика меѓу нивното зачнување била 10 дена. Иако биле родени во ист ден, нивните телесни тежини и крвни групи биле различни.

Суперфетацијата може да се случи и кај животните. Глувците, кенгурите, мачките и овците според истражувањата, биле исто така биле подложни на овој феномен. И рибите ја манифестирале оваа извонредна способност.

Аристотел бил оној кој прв го забележал овој феномен и тоа кај зајаците. При раѓањето на зајачињата, тој забележал дека тие се родиле со различни големини- помладите биле значително помали. Тоа било резултат на суперфетација, при што вториот фетус е резултат на втора бременост.