Чудни трендови за убавина од минатото што денес ни звучат морбидно

Денес глобалната индустрија за убавина вреди 532 милијарди долари и нашата побарувачка за работи кои ни го подобруваат изгледот никогаш не била поголема. Но, желбата да изгледаме најдобро е стара колку и самата историја, а луѓето во минатото биле исто толку желни да вложат големи напори за да ги следат тогашните стандарди за убавина. И верувај ни, тие трендови биле навистина чудни, еве неколку од нив.

  • Во 19 век многу жени јаделе смртоносни наполитанки со арсен за да го избелат тенот. Некои од несаканите ефекти вклучувале рак, ќелавост, епилепсија. Во 1902 година можело да се купат наполитанки со арсен.

  • Во средниот век челото се сметало за најубавиот дел од лицето на жената. Многу жени ги отстранувале трепките за да го истакнат челото. Тие, исто така, ги отстранувале и веѓите за лицето да им изгледа долго и овално.

  • За да ги избелат забите, Римјаните ја плакнеле устата со урина. Поточно, урина увезена од Португалија.

  • Во 18 век, пред да се измисли лак за коса, жените користеле маст за своите перики. Да, животинска маст. Една од лошите страни било дека периката станувала буквално гнездо на стаорци. Понекогаш стаорците живеле во периката со недели.

  • Пред револуцијата во Франција, нагласените вени биле моден хит. Некои луѓе ги боеле вените за да ги истакнат. Други  користеле пијавици за да ги направат вените позабележителни.

  • Во 1936 година, Изабела Гилберт го измислила „создавачот на дупчиња“. Направата се поставувала околу лицето и две ситни топчиња притискале во образите за да направат дупчиња. Ако се прашувате, направата не функционирала.

 

  • Во антички Рим многу жени користеле пот на гладијатори како крема за тело. Шишиња со пот се продавале како сувенири. Потта се сметало дека е афродизијак.

 

  • Во 1800-тите години, трансплантаците на трепки биле многу популарни. Специјалисти буквално ги шиеле трепките со игла на очните капаци на жените.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *