„Чоколина“ е традиционален десерт во многу јужно-европски земји и притоа важи за еден од најдобрите чоколадни десерти, најпрво поради неговата едноставност при приготвувањето, а второ и најважно, поради неговиот неверојатно моќен чоколаден вкус!

Чоколина

„Чоколина“ е традиционален десерт во многу јужно-европски земји и притоа важи за еден од најдобрите чоколадни десерти, најпрво поради неговата едноставност при приготвувањето, а второ и најважно, поради неговиот неверојатно моќен чоколаден вкус! 
Вкупно време1 ч
Оброк: Десерт
Кујна: Балканска
Клучни зборови: чоколаден колач, чоколаден десерт
Порции: 4

Состојки

  • 200 гр темно чоколадо
  • 200 гр кафеав шеќер
  • 120 гр пченично брашно
  • 160 мл масло за готвење
  • 4 јајца
  • 1 супена лажица пециво
  • 120 гр ореви
  • 1 прстофат сол

За глазурата

  • 100 гр темно чоколадо
  • 100 мл павлака

Начин на подготовка

  • Растопете го темното чоколадо на водена пареа. Потоа додадете ги сомелените ореви, маслото за готвење и шеќерот и добро измешајте. Следно, додадете ги и јајцата, едно по едно и изматете ја смесата со миксер.
  • Исипете делови од брашното, пресеано со пецивото во претходната смеса. Измешајте внимателно со шпатула, а потоа добиената смеса исипете ја во соодветен сад, претходно премачкан со масло. Поставете го колачот да се пече 25-30 минути на 180°C.
  • За глазурата одозгора, растопете темно чоколадо на водена пареа, а потоа исипете ја павлаката и на топлина, мешајте ја смесата 1 минута.
  • Извадете го готовиот колач од рерната, исечете го на коцки и на крај одозгора нанесете ја глазурата. Се препорачува десертот да го сервирате со овошје или сладолед.