Следуваат деновите во кои поради студеното време, нашите стапала најголемиот дел од времето ќе бидат под чорапи и потешки обувки, а токму нивното занемарување во студените сезони лесно доведува до појава на испукани пети. Токму за оваа цел денес ви откриваме како да го спречите овој проблем.

Станува збор за лесно домашно решение на сосема природна база од 2 состојки т.е домашен крем кој се приготвува супер лесно, а сè што треба потоа да правите е истиот да го нанесувате секоја вечер пред спиење и ќе имате кадифено меки стапала!

Моќен домашен крем против груби и испукани пети

Потребни состојки

  • Восок (Свеќа)
  • Зејтин или кокосово масло

Начин на подготовка и употреба

Додадете 2 кафени лажици зејтин или кокосово масло по ваш изборе, заедно со восок во соодветен сад и истиот поставете го друг сад со топла вода. Мешајте ги состојките додека истите добро да се растопат.. Оставете ја добиената смеса да се излади, а потоа нанесете малку од истата врз кожата на стапалата. Се препорачува кремата да се употребува секоја вечер пред спиење, на претходно исчистен кожа.