Десертот готов за 5 минути, не е потребно да се пече, а истиот може уште веднаш да го приготвите, бидејќи ќе ви бидат потребни само 3 состојки, а ќе можете да уживате во оригинален чоколаден вкус!

Чоколадно чудо без печење

Потребни состојки

  • 400 гр темна чоколада
  • 400 мл кондензирано млеко
  • 50 гр путер

Начин на подготовка

Стопете ја чоколадата заедно со путерот. Мешајте ги состојките, додека не добиете мазна текстура т.е смеса.

Следно, додадете го кондензираното млеко и отстранете го садот од оганот. Добиената смеса се поставува во силиконски калапи за наменети токму за вакви десерти и се калапите заедно со чоколадната смеса се поставуваат во ладилникот да отстојат неколку часа.

При консумирањето, по желба, декорирајте го десертот со овошје.

Кондензирано млеко

Доколку немате слатко кондензирано млеко, истото може да го приготвите на следниот начин:

Поставете 1 литар кравјо млеко во тенџере и ставете го истото да се вари на средна температура, додека неговото количество не се намали двојно. Потребно е постојано да мешате, за да не дојде до загорување на млекото.

Потоа додадете 1 ванила и 150 гр шеќер и мешајте уште неколку дополнителни минути.

Отстранете го тенџерето од оганот и веќе ќе го имате готовото потребно 400 мл млеко. Пред да го употребите во подготовка на десертот, истото треба да биде ладно.