Замислете си – Вистинска вкусна чоколадна торта со парчиња ароматична банана и крцкава бисктивна основа! Звучи како десерт од рајот, зарем не? Токму тоа е, а еве како лесно да го приготвите уште денес.

Чоколадна торта со банани

Замислете си – Вистинска вкусна чоколадна торта со парчиња ароматична банана и крцкава бисктивна основа! Звучи како десерт од рајот, зарем не? Токму тоа е, а еве како лесно да го приготвите уште денес.
Вкупно време4 ч
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: чоколадна торта, торта со бисквити, торта со банани
Порции: 4

Состојки

За основата

  • 100 гр бисквити
  • 50 гр путер

За филот

  • 400 гр кисела павлака или кисело млеко
  • 100 гр пресно млеко
  • 2-3 банани
  • 120 гр шеќер
  • 60 гр какао или 100 гр темно чоколадо
  • 10 гр желатин

Начин на подготовка

  • Растворете го желатинот во вода и оставете го да реагира.
  • Сомелете ги бисквитите во блендер. Растопете го путерот и измешајте го со бисквитите.
  • Поставете ја добиената смеса во кружен сад и добро распоредете ја на дното на истиот, користејќи лажица. Следно, оставете ја да отстои во ладилникот, додека да се затегне.
  • Исипете го млекото во соодветен сад, а потоа кон истиот додадете ги желатинот, шеќерот и какаото. Поставете го садот со оваа млечна смеса на оган и загрејте го, до целосно растворање на желатинот.
  • Не неопходно смесата да зоврие, а веднаш по отстранувањето на садот од оганот, додадете го внатре густото млеко или киселата павлака. Излупете ги бананите, исечете ги на две половини и распоредете ги врз бисквитната основа. Одозгора нанесете го млечниот чоколаден фил.
  • Оставете го десертот да се затегне во ладилникот за 3-4 часа.