Потребни состојки:
– 40 врвови од коприва (по можност од млади растенија)

– 1 кг шеќер

– 3 литри вода

– 5 лимони

Подготовка:

Кога берете коприва, мора да бидете внимателни и да ги собирате само горните делови од копривата. Не го берете целото растение.

Откако сте ја собрале посакуваната количина на коприва, измијте ја неколку пати. Измијте лимон, исечете го на кришки и додадете го во сад, наполнет со 3 литри ладна вода. Додаде ја потоа копривата.

Покријте го садот и оставете го на собна температура најмалку 24 часа. По 24 часа промешајте и додадете шеќер. Промешајте добро додека шеќерот не се раствори целосно. Кога смесата ќе биде готова, ставете ја во тегли, затворете ја добро и чувајте ја во фрижидер.

Конзумирајте кога сакате, дури и наместо вода, период на употреба е неограничен. Можете да пиете додека е сезона на коприва и може истото да го направите и со сува коприва.