Сакате брза и вкусна вечера? Еве една фантастична идеја за сочна потпечена вечера, со која ќе ги воодушевите вашите најблиски, а која може да ја сервирате и како прилог за месо и риба.

Брза и вкусна вечера со компири

Сакате брза и вкусна вечера? Еве една фантастична идеја за сочна потпечена вечера, со која ќе ги воодушевите вашите најблиски, а која може да ја сервирате и како прилог за месо и риба.
Вкупно време30 мин
Оброк: Вечера
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кашкавал, печени компири, компири, печурки
Порции: 4

Состојки

  • 200 гр свежи печурки
  • 400 гр компири
  • 100 гр кашкавал
  • 5 јајца
  • 1 глава кромид
  • Половина литар пресно млеко
  • Неколку чешниња лук
  • По вкус сол, мелен црн пипер, зачини
  • По вкус масло за јадење

Начин на подготовка

  • Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на мали коцки. Излупете го кромидот и ситно исечете го. Измијте ги печурките и исечете ги на мали парчиња.
  • Најпрво, пржете ги компирите 5-7 минути во претходно загреана тава со масло за готвење, а потоа додадете го кромидот со печурките и пржете уште 5 минути. Посолете и додадете го згмечениот лук, добро измешајте ги состојките, а потоа отстранете ја тавата од оганот.
  • Изматете ги јајцата во длабок сад, исипете го млекото врз истите и добро измешајте.
  • Поставете ги зеленчуците во соодветен сад за печење и полејте ги со млечната смеса од јајца.
  • Вклучете ја рерната на 190°C и штом истата ќе се загрее, поставите ги компирите
    внатре да се печат 15 минути.
  • По 15 минути извадете го јадењето од рерната, нанесете рендан кашкавал одозгора и вратете ги компирите назад, да се печат дополнителни 10-15 минути.