Ноел и Лајза Хови, од Даблин, Ирска, стапија во брак во 2015-та година, а подоцна откако започнаа да ги разгледуваат нивните свадбени фотографии, тие доживеаја вистински шок.

„Кога пристигна свадбениот албум, срцето ми се стегна. Изгледавме неверојатно дебели на фотографиите. Знаев дека мојата сопруга ќе се мрази себеси кога ќе ги види, па затоа половина од нив ги фрлив.“ – вели Ноел.

Но, истиот подоцна се предомислил и сепак ги покажал фотографиите на неговата сопруга, која останала шокирана, но истовремено пронашла во истите мотивација за да ослабне.

Така парот заедно започнал да држи диета и да вежба. На крајот од нивното искуство, Ноел ослабна 90 килограми, а Лајза 45 килограми. Во продолжение погледнете како изгледа двојката денес: