Болката во челото може да биде непријатна, болна и лесно да ја наруши вашата концентрација Може да го отежни фокусирањето на задачите во текот на работниот ден. Но, добрата вест е дека болката во челото ретко е знак на сериозен здравствен проблем.

Најчести причини за болка во челото и нивни симптоми

Причини за болка во челото

Симптоми

  • Прободувачка болка
  • Остра болка
  • Назална конгестија
  • Треска
  • Исцедок од носот
  • Гадење
  • Дијареја
  • Чувство на слабост или изнемоштеност
  • Чувство на летаргија
  • Интензивен притисок во ушите
  • Иритација или вознемиреност
  • Болка во вратот, вилицата или скалпот
  • Болка во очите

Сериозни симптоми

  • Слабост или вкочанетост, особено во едната страна од телото
  • Промена на нивото на будност или свесност, како што е исцрпеност или онесвестување
  • Отежнат говор или неможност за зборување
  • Ненадејна промена во видот, како што е тотално губење на видот или болка на едното око
  • Промена на менталниот статус, како што се ненадејна појава на конфузија, заблуди или халуцинации

Причини

  • Инфекција: Синусната инфекција обично предизвикува главоболки, болки во лицето и непријатност. Настинка или грип, исто така, може да предизвика болка во челото.
  • Воспаление: Оток и воспаление може да го зголемат притисокот околу челото и слепоочниците. Ова може да биде предизвикано од болест или зголемена количина на течност во меките ткива на главата и вратот.
  • Главоболки: Мигрена, кластер главоболки, главоболки од напнатост, главоболки на фронталниот лобус – сите тие се одговорни за различни симптоми, вклучувајќи болка во челото.
  • Хормонски промени: Хормоните влијаат на голем дел од нашата благосостојба и ненадејната промена може да предизвика симптоми како главоболки, особено болки во челото.
  • Замор на очите: Читање, користење компјутер или користење на паметниот телефон, сето тоа може да доведе до болна непријатност во челото.
  • Откажување на разни супстанци: Мамурлакот може да предизвика главоболка, но причината може да биде и употребата на супстанции. Откажувањето од кофеин, алкохол или други супстанции може да предизвика бројни симптоми, вклучувајќи болка во челото.
  • Менингитис: Посериозна инфекција, менингитис, исто така може да предизвика болка во челото. Оваа инфекција се јавува во вреќата со течност што ги опкружува вашиот мозок и ‘рбетниот мозок. Оваа инфекција се смета за сериозна состојба и бара итна медицинска помош.
  • Аневризма: Аневризмата во мозокот може да предизвика симптоми. Испакнатоста може да изврши притисок врз меките ткива, а тоа може да доведе до постојана главоболка.
  • Мозочен удар: Во ретки случаи, ненадејната, остра болка во челото може да биде знак на мозочен удар.

Како да ја третирате болката во челото во домашни услови

  • Одмарајте: За луѓето со мигрена, одморот во темна просторија со ладна компресија поставена на челото може многу да помогне. Одморот е добар и за многу други потенцијални причини за болка во челото.
  • Ботокс: Се докажа дека ботоксот има големи придобивки за луѓето кои често доживуваат напади на мигрена.
  • Акупунктура: Поретко, акупунктурата се користи за лекување на чести и периодични главоболки.
  • Масажа: Овој вид физикална терапија може да помогне во опуштање на мускулите кои се стегнале поради напнатост или стрес.
  • Физикална терапија: Физикален терапевт може да работи со вас за да ја надминете секоја физичка траума или повреда што доведува до болка во челото.

Кога да посетите лекар?

Во многу случаи, болката во челото ќе исчезне сама по себе, со подобрувањето на основните причини што ја предизвикале. Но, ако болката е постојана или ако ви пречи во можноста за извршување на вашите секојдневни задачи, важно е да разговарате со вашиот лекар.

Во зависност од видот на причините, за некои ќе биде потребенмедицински третман пред да престанат да предизвикуваат симптоми.