Во Кабардино-Балкaрија, која влегува во составот на руската федерација, на 21-годишна возраст почина Џамбулат Хатохов. Во 2003-та година, тој влезе во Гинисовата книга на рекордите како најдебелото дете на светот.

На 17-годишна возраст, Џамбулат достигна тежина од неверојатни 230 килограми, поради што момчето веќе имаше голем број на здравствени проблеми, особено проблеми со бубрезите. Откако тежината започна да претставува голем проблем за неговото здравје и неговото секојдневие, Џамбулат одлучи да се занимава со спорт и за 1 година ослабна 50 килограми.

Но, во последниот период, особено се влоши состојбата на неговите бубрези, што на крај за жал, резултираше со неговата смрт.

Тажната вест ја објави тренерот на момчето на неговиот Инстаграм профил, обраќајќи се кон пријателите и јавноста со следното напишано:

„Рекордерот во Гинисовата книга, првиот сумо-борач во Кабардино-Бакаларската држава, Џамбулат Хатохов почина. Моето најискрено сочувство кон семејството и пријателите.“